Њукасл победи, Хау го скрши малерот против Манчестер Сити (ВИДЕО)

Екипата на Њукасл го победи Манчестер Сити со 2-1 на домашен терен во дербито на 12.  коло од Премиер лигата.

Сити со тоа испушти шанса да го задржи чекорот со лидерот Арсенал, а претрпе уште еден пораз во дерби дуел оваа сезона. Првото полувреме беше без голови, но во него имаше најмалку пет стопроцентни шанси на двете страни при што фудбалерите на Сити и Њукасл буквално промашуваа празни голови.

Резултатот го отвори Харви Барнс во 64. минута по асистенција од Бруно Гимараеш. Пет минути подоцна, Сити успеа да израмни, Рубен Дијас постигна гол, но радости траше едвај две минути бидејќи Барнс повторно му донесе водство на Њукасл, овојпат доволно за победа.

Триумфот е прв за менаџерот на Њукасл, Еди Хау против Манчестер Сити кој го скрши малерот бидејќи на претходните 19 меча тој не успеа да слави против овој ривал. Сити е на третото место со 22 бода, четири зад лидерот Арсенал, кој има натпревар помалку, додека Њукасл е на 14. место во Премиер лигата со 15 бода.