Фиорентина не може да победи сезонава, ама му откина бод на Јувентус (ВИДЕО)

Екипите на Фиорентина и Јувентус одиграа без победник откако одиграа 1-1 во Фиренца, во 12. коло од Серија А.

Јувентус поведе кон крајот на првото полувреме, но дозволи предноста да исчезне на почетокот од второто и не успеа да дојде до победа. Се играше шестата минута од судиското продолжение кога Филип Костиќ успеа да постигне гол за водство на тимот од Торино од 1-0. Србинот налета на една одбиена топка, се позиционираше и го совлада голманот на Фиорентина со „проектил“ во подалечниот агол.

Сепак, по враќањето на теренот, во 48. минута Роландо Мандрагора го постигна израмнувачкиот гол, на асистенција на Мојс Кен. Јувентус напаѓаше до крајот на натпреварот, но не успеа повторно да поведе.

Јувентус е на шестото место со 20 бода, додека Фиорентина е последна со само шест и без ниедна победа во досегашните 12 кола од првенството.