Алкалоид со убедлив триумф се загреа за дербито во Битола
Иако екипите се една по друга на суперлигашката табела, евидентна беше квалитативната разлика меѓу нив и покрај тоа што Тиквеш до овој меч се наоѓаше во серија од четири победи. Кавадарчани добро парираа во првото полувреме, имаа водство и од два разлика во финишот (12-10), а на голем одмор се замина со предност на домашниот тим со 14-13.
Победникот беше решен по серијата на Алкалоид со 5-0 на почетокот од вториот дел по што екипата од Автокоманда поведе со 21-15. Во последните минути домаќините имаа и двоцифрена предност (30-20) и без поголеми проблеми стигнаа до бодовите на овој меч.
Костески го предводеше Алкалоид со шест гола, додека Цветковски и Ахмед кај Тиквеш постигна пет. Во следното коло скопскиот тим го очекува дерби на гости кај Пелистер.