Приведен арачиновецот кој нападна фудбалер на Брегалница!
Инцидентот се случи по завршувањето на првото полувреме кога дојде до тензии откако претходно Брегалница израмни на 1-1. Лицето за кое МВР информира дека било од Арачиново втрча на теренот и го шутна фудбалерот на штипскиот тим.
„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, информираа од МВР.
Ќе потсетиме, натпреварот на крајот продолжи по враќањето на фудблерите на теренот, а Брегалница славеше победа со 2-1.