Бенфика победи, но Мурињо беше бесен: Не сакам фудбалери - предавници!
Двата гола беа постигнати во второто полувреме, а Мурињо по мечот го искажа својот револт кон играчите.
„На полувремето направив четири измени, но требаше да направам девет. Тие девет фудбалери не беа на теренот. Само двајца требаше да останат“, рече Мурињо по мечот.
„Дали системот работи? Системот работи, фудбалерите не работат. Не сакам фудбалери кои ме предаваат. Оние кои не го даваат максимумот кога ќе излезат на терен се предавници“.