УЕФА без милост - жестоко го казни Диаз за крвничкиот старт над Хакими
Колумбиската ѕвезда, која минатото лето му се приклучи на Баерн од Ливерпул за 75 милиони евра, ќе ги пропушти клучните домашни натпревари против Арсенал, Спортинг Лисабон и Унион Сен Жилоа. Суспензијата значи дека тој ќе се врати во Лигата на шампионите дури на крајот од јануари, кога се игра последното коло од лигашкиот дел во елитното натпреварување.
Баерн во моментов се наоѓа на чело на табелата во Лигата на шампионите без пораз. Клубот најави жалба на казната за Дијаз, но тешко дека ќе успее да издејствува намалување на суспензијата, меѓу другото и поради тоа што стартот предизвика повреда на Хакими кој два месеца ќе биде надвор од терените.