Нов дебакл на Партизан: Европскиот шампион се прошета низ Белград
Европскиот првак премногу лесно дојде до триумфот на гостувањето кое требаше да биде едно од најтешките во сезоната. Победникот беше решен уште во воведните минути во кои Фенербахче направи 14-0 и потоа на „црно-белите“ им беше многу тешко да се вратат во игра.
Единствен период кога Партизан беше рамноправен или можеби и подобар беше првата половина од третата четвртина во кои направи 17-5 и се доближи на само шест поени негатива (56-62). Фенербахче одговори со три тројки во низа, во последниот квартал домаќините пак дојдоа на -6 (72-78) и повторно турскиот тим врати со 11-2 со што стави крај на сите дилеми околу победникот. Шутот од дистанца беше еден од главните фактори за победата на Фенербахче, имајќи предвид дека играчите на турскиот првак погодија 15 тројки од 28 обиди.
Со биланс 4/8, Партизан останува при дното на табелата во Евролигата, додека Фенербахче го оствари четвртиот триумф во низа и остана во трка за врвот.
РЕЗУЛТАТИ
Олимпијакос - Париз 98-86
Басконија - Баерн 95-73
Партизан - Фенербахче 87-99
Виртус - Макаби 99-89
Валенсија - Црвена Звезда 76-73