Зошто ѝ правите зло на Беласица? (ВИДЕО)
Струмичани се незадоволни од судењето на дуелот што го одигра на домашен терен, но сметаат дека причините за однесувањето на арбитрите има подлабоко значење од обични грешки.
„Фудбалскиот клуб Беласица после разгледување на снимката од денешниот натпревар на која бевме поразени од екипата на Новаци на домашен терен со 0-1 дојде до заклучок дека делителите на правдата главно влијаеа на конечниот резултат, а и во повеќе наврати или уште од самиот старт на првенството бевме сведоци на контроверзно судење против Беласица, а со тоа и свесно и смислено сценарио или свесно скратување на чекорот кон водечките места на табелата.
За таа цел бараме од сите инволвирани структури да ни ги образложат од стартот на првенството сите а посебно денешните контроверзни одлуки кои беа на наша штета а со тоа и смислено недозволување за чесна борба до самиот крај. Утре управата на клубот на вонреден состанок ќе одлучи како и дали ќе се продолжи со натпреварувањето во такво нерегуларно првенство.
Само ги прашуваме главните инволвирани во режирање на сите сценарија:
1. Дали Беласица некому смета?
2. Со што сме заслужиле ние како клуб од 103 години да немаме еднаков критериум???
3. Дали свесно знаејќи дека имаме квалитетен тим сакате уште првата полусезона да не оддалечите од водечките места???
4. Дали вашата блискост со одредени структури ве тераат да правите зло и да имате ваши фаворити уште од самиот старт на првенството???
5. Дали така сакате да ги истерате и уништите и тие малку спонзори кои од љубов спонзорираат во фудбалот???
6. Дали за остварување на вашите приватни бизнис интереси ќе ги погазувате сите кој чесно се борат на зелениот терен за да си ја остварите само вашата цел???
7. Дали знаете дека со вашите одлуки ја уништувате егзистенцијата и иднината на играчите,тренерите, и целите нивни фамилии???
8. Ова ли е борбата за чесното за кое зборевте кога дојдовте???
Ова се прашања кои даваат многу одговори...“, стои во соопштението на Беласица.