Куртоа: Барселона не нè почитуваше кога победуваа, не па сега!

Помина речиси еден месец од Ел Класико во кој Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2-1 на Сантијаго Бернабеу, но тензиите од тоа дерби сè уште се тема во Мадрид. На ова се наврати Тибо Куртоа, кој објасни што се случувало во жестоките моменти со Ламине Јамал.

Јамал ја вжешти атмосферата уште пред натпреварот со изјава дека фудбалерите на Реал постојано се жалат, а тие се клубот кој добива најголема помош.

Таквата изјава создаде жешка атмосфера на класикото која кулминираше и со физичка пресметка по мечот.

„Ламин Јамал зборуваше многу работи и ја потпали атмосферата пред мечот, а новинарите го искористија тоа. Го видов дека разговара со Карвахал. Ако тој почне да зборува нешто, јас ќе реагирам. Атмосферата беше наелектризирана, тензиите високи, адреналинот работеше. Понекогаш во такви услови се кажуваат непотребни зборови. Ел Класико е таков, ни треба таква атмосфера. Минатата сезона изгубивме четири пати од Барселона. Тие се наши ривали. Не нѐ почитуваа ни кога победуваа, не нѐ почитуваат ни сега. Нема проблем меѓу мене и него, но вакви нешта се случуваат на терен. Ако утре го видам во ресторан, ќе го поздравам. Она што го направи пред мечот беше долевање масло на оган и тоа нѐ мотивираше уште повеќе во Ел Класико“ изјави Куртоа за COPE.