Мирчевски и Донов го израдуваа Силекс против Македонија ЃП (ФОТО)

Фудбалерите на Силекс триумфираа со 2-1 против Македонија Ѓорче Петров на стартот на 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Екипата од Кратово го отвори резултатот во 15. минута преку Мирчевски, кој со глава го матира голманот Јанков.

Само 12 минути подоцна Силекс постигна и втор погодок, кога Донов успеа да го совлада чуварот на мрежата на „лавовите“.

Македонија ЃП не се предаваше, па во 32. минута погоди преку Пецов за 1-2, по што резултатот не се менуваше до крајот на првото полувреме.

Силекс во второто полувреме имаше неколку добри шанси за трет гол, меѓутоа не ги реализира, а Македонија ЃП во продолжение не успеа да казни.

По 14 одиграни меча, Силекс е четвртопласиран со 28 бодови, додека Македонија ЃП е на осмата позиција со 14 поени.