Бирмингем гради спектакуларен стадион вреден 1,36 милијарди евра (ВИДЕО)

Бирмингем сити, кој се натпреварува во Чемпионшип-лигата, го промовираше својот проект за новиот стадион кој ќе биде супер-модерен и неговата вредноста ќе достигне 1,36 милијарди евра.

Претседателот на клубот, Том Вагнер ја откри сензационалната идеја за изградба на стадионот, кој ќе има капацитет од 62.000 места, но првиот човек на Бирмингем планира и да го врати англискиот репрезентативец Џуд Белингем, што во моментов делува како невозможна мисија.

Стадионот ќе го носи името „Пауерхаус“ и се очекува истиот да биде изграден и пуштен во употреба до 2030 година.