Маса нема да ја добие титулата од 2008 година, ќе мора да се утеши со - пари!
Судот во Лондон отфрли дел од елементите кои се наоѓаа во неговиот случај, што значи Бразилецот остана без можност да ја бара шампионската титула која таа сезона заврши кај Луис Хамилтон.
Во судската пресуда се посочува дека Маса може да бара финансиска отштета за контроверзните случувања во Сингапур, откако Бразилецот претходно поднесе тужба со надеж дека ќе му биде доделена и шампионската титула.
Во инцидентот во Сингапур, поранешниот возач на Рено, Нелсон Пике јуниор намерно предизвика хаос во 14. круг од трката со цел на патеката да излезе возилото за безбедност, а тоа му помогна на тимскиот колега Фернандо Алонсо да победи, додека Хамилтон заврши како трет, а Маса беше оштетен и заврши на 13. Позиција.