Грчевски повика 20 ракометарки за турнирот во Турција

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави списокот на повикани ракометарки за турнирот од пријателски карактер во Турција.

На списокот на Грчевски од стандардните ги нема Моника Јанеска и повредата Сара Ристовска.

Македонија на 5 декември ќе игра против Турција, еден ден подоцна е дуелот со Словенија, а турнирот ќе го затвориме на 7 декември во пресметката со Словчака.

Подготовките Грчевски и ракометарките ќе ги започнат на 28 ноември за кога е закажан собирот.