Барди: Овој пораз треба да нѐ запали, не да нѐ изгаси!

Maкедонскиот капитен Енис Барди неколку дена по дебаклот од Велс и во денот кога Македонија ја доби Данска за противник во баражот се огласи и испрати силна порака.

Барди истакна дека поразот од Велс со кој Македониија беше испратена на репрезентација од првиот шешир од каде што ги добивме Данците, треба да биде еден вид мотивација со цел да покажеме дека тоа било само еден лош ден.

„Тежок пораз, оној што ти го гори душата!  Велс нè удри силно. Болка, разочарување да . Но ова не е крај! Сè уште сме во плејофот во март. Сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти! Ние не се предаваме. Никогаш“, гласи пораката на капитенот

Баражот со Данска е закажан за на 26 март и во него ќе играме на гостински терен, ако успееме да славиме повторно ќе играме на гости и тоа против Чешка или Република Ирска.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10)