Mилевски: Добивме на „хартија“ полесен противник, штета што повторно не играме дома
Селекторот изрази жалење што одново немавме среќа како и во минатиот пат за да играме дома, но сепак е свесен дека барем на „хартија“ имаме полесен противник, ако тогаш беше Италија.
„За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“.
Натпреварот со Данска е закажан за на 26 март, додека за пет дена подоцна е финалето во коа ако се пласираме повторно ќе гостуваме на Чешка или Република Ирска.