Со Данска сме одиграле три натпревари - водиме во гол-разлика! (ВИДЕО)
Тому против Данска во 1994 година го одигравме нашиот прв квалификациски натпреевар во битката за пласман на Европското првенство во 1996 година. Тогаш стадионот во Скопје беше исполнет од 22.000 гледачи, а Македонија беше и многу блиску до победа. Стојкоски уште во четвртата минута го отвори резултатот, а нашето водство беше актуелно се до 86. минута кога Данците преку Полсен дојдоа до бод.
Вториот дуел е од истите квалификации на гости во Копехаген каде што минимално загубивме 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Нилсен на 20-тина минути пред крајот на средбата.
Последниот беше пријателски во 2013 година и во него го забележавме нашиот единствен трумф и тоа со 3-0. Натпреварот беше решен уште во првиот половина час кога во листата на стрелци за Македонија се запишаа: Пандев, Ибраими и Новески.
Сите се надеваме на позитивно сценарио и сега во баражот кој е закажан за на 26 март. Ќе потсетиме, ако избориме пласман во финалето ќе се соочиме со подобриот од второто полуфинале помеѓу Чешка и Република Ирска.