Mбапе ги налути Французите: Повреден „летна“ за Дубаи на - падел!
Наместо да се врати во Мадрид на лекарски прегледи, напаѓачот поминал неколку дена во луксузен хотел и посетил локален падел-клуб.
Откако Дешамп соопшти дека Мбапе нема да може да помогне се очекуваше ѕвездата на Реал да се врати во Мадрид на дополнителни прегледи пред повторно да се вклучи во клупскиот ритам.
Но, Мбапе немал такви планови, а дел од француската јавност е лута на неговата постапка и смета дека кога веќе не играл за Франција не смеел да си дозволи таков потег. Патувањето на Мбапе дојде само 24 часа по објавата од Франција за неговата повреда.
Засега не е познато дали во Реал биле известени за ваквата постапка на напаѓачот.