Ѓорческа ѝ одржа лекција на Аксу и избори осминафинале во Словачка

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфира со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4 против Ајла Аксу на стартот на турнирот во Трнава, Словачка.

Ѓорческа беше одлична во првиот сет и ја искористи првата брејк-шанса на мечот за да поведе со 2-1, по што реализира уште една шанса и до крајот сервираше без проблеми за триумф од 6-2 во сетот.

Тенисерката од Турција даде поголем отпор во вториот сет и имаше шанса за брејк во шестиот гем, но Ѓорческа успешно се одбрани, по што ѝ го одзема сервисот на Аксу за победа од 6-4.

Македонската тенисерка во осминафиналето на турнирот ќе се соочи против Амарни Бенкс.