Струмица загуби убедливо и во реваншот против Чешке Будејовице

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица загуби и во реваншот од ЦЕВ Купот против чешката екипа Јихострој Чешке Будејовице со 0-3 во сетови, односно 17-25, 15-25 и 19-25.

Чешката екипа тргна фуриозно во натпреварот и постојано имаше предност во првиот сет кој го освои со 25-17.

Идентично беше и во вториот сет, каде што Струмица не успеа да му парира на моќниот ривал, па Чешке Будејовице славеше со 25-15.

Струмица во третиот сет заигра подобро и се држеше сè до 14-15, по што следеше серија од 5-0 на гостите кои продолжија моќно до крајот и триумфираа со 25-19.

Фото: VC Strumica