УЕФА даде „зелено светло“: Барселона ги израдува своите навивачи!

Шпанскиот шампион Барселона има радосна вест за навивачите кои долго време го чекаа отворањето на новиот стадион „Камп Ноу“.

Откако заврши најголемиот дел од реновирањето на стадионот, „Камп Ноу“ повторно е подготвен да прими навивачи, а Барселона соопшти дека арената ќе биде домаќин и во Лигата на шампиони (ЛШ).

Натпреварите против Ајнтрахт Франкфурт и Копенхаген ќе се играат на култниот стадион во Барселона.