Шок за Артета: Можеби заврши годината за најдобриот дефанзивец на Арсенал!
Дефанзивецот на Арсенал повредата ја заработил за време на репрезентативните обврски кон Сенегал за кого настапи на пријателски натпревар. Габриел се пожалил на болки во мускулот, а веднаш потоа Сенегалците и го ослободиле да се врати во клубот.
Медиумите на Островот пренесуваат дека проблемот не бил наивен бидејќи се здобил со сериозно истегнување на мускулот. Најоптимистичните претпоставки се дека можеби ќе се врати за еден месец, меѓутоа во клубот стравуваат и дека нема да го имаат на располгање до крајот на календарската година.
Арсенал во овој момент е лидер на табелата во Премиер лигата и има само пет примени гола на 11 натпревари.