Петти пораз за македонските надежи: Полска ги освои трите бода во Битола (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска беше поразена со 0-1 од Полска во шестото квалификациско коло за Европското првенство (ЕП).

Избраниците на селекторот Горан Станиќ беа надиграни од полските ривали, кои ја контролираа играта, а упатија и голем број удари од кои едниот го претворија во гол во 33. минута преку Коцаба.

Македонските надежи не успеаја да одговорат на ист начин во продолжение од средбата, односно не се заканија ниту еднаш во рамките на голот на Полска, па го запишаа петиот пораз.

Македонија се наоѓа на претпоследната позиција во групата со три освоени бодови, додека Полска е прва со максимални 18 поени.