НФЛ-ѕвезда е во критична состојба - била застрелана среде улица! (ВИДЕО)

Американските медиуми пишуваат дека НФЛ-ѕвездата, Крис Бојд е застрелан во центарот на Менхетн во неделата.

Според информациите, инцидентот се случил околу два часот по полноќ пред еден угостителски објект, а тоа го потврди и полицијата.

Истрагата е во тек, а полицијата сè уште не го уапсила напаѓачот на Бојд, но затоа објави снимка на која се гледа осомничениот.