Скандираа „Србија, Србија“, па добија ќотек на трибините во Зеница (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина по голем пресврт триумфира против Романија (3-1) и остана во игра за пласман на Светското првенство (СП) во 2026 година.

Триумфот на БиХ остана во сенка на инцидентот кој се случи на стадионот во Зеница, каде гостинските навивачи почнаа да скандираат „Србија, Србија“, а тоа предизвика гнев кај домаќините, но и полицијата.

По провокациите од трибините, реагираше и полицијата на трибините, каде што со употреба на сила ги замолчеа гостите.