Одлични вести за Ѓоковиќ во пресрет на идната сезона

Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како четврти тенисер во светот што е одлична вест за него не само за крајот од оваа, туку и за почетокот на идната сезона.

На најновата ранг листа, тој ќе има 4.830 поени, додека зад него ќе бидат Феликс Оже-Алијасим со 4.245, и Тејлор Фриц и Алекс де Минор со по 4.135. Во моментов, Ѓоковиќ не е премногу загрижен за својата позиција на АТП листата сама по себе, туку за својата улога како носител на Гренд слем турнирите.

Како четврти - сигурно ќе ги избегне Карлос Алкараз и Јаник Синер до полуфиналето на најважните турнири што е одлично затоа што последните години нема добри резултати со нив. Реално, тој и кога беше послабо пласиран ги избегнуваше нив во четвртфиналето, но сега нема да мора да трепери пред ждрепката.

Новак десет пати ја освои титулата во Мелбурн, а оваа година стигна до полуфиналето во кое му се предаде на Александер Зверев поради повреда. Актуелен шампион на првиот Гренд слем во сезоната е Јаник Синер.