Јакимовски еден од најдобрите на теренот во новиот пораз на Тренто
Јакимовски средбата ја заврши со 15 постигнати поени и една асистенција за 28 минути колку што помина на паркетот.
Инаку, Тренто во овој момент е во негативна серија од четири порази во низа и се наоѓа на 11-позиција во италијанското првенство. Најефикасен на средбата беше соиграчот на Јакимовски, Батл со 22 поени, додека на спротивната страна Џонсон уфрли 19.