Палестина одигра пријателски меч со шпанска покраина која исто сонува - независност (ВИДЕО)
Средбата обедини два народа со слични политички идеали и долга историја на борба за независност и меѓународно признавање. Баскискиот фудбалски сојуз, кој не е член на УЕФА и ФИФА, соопшти дека целокупниот приход од натпреварот ќе биде дониран на хуманитарни организации што обезбедуваат помош во Појасот Газа.
„Овој натпревар на ‘Сан Мамес’ е повик за мир и за крај на геноцидот во Газа“, порачаа од сојузот, кој досега има одиграно 46 меѓународни пријателски средби.
Палестинската репрезентација, која е полноправна членка на ФИФА, во Билбао пристигна по успешен квалификациски циклус во Азија, каде беше на чекор до плејоф за пласман на СП 2026. Палестинските фудбалери беа пречекани со громогласен аплауз и овации, како уште една потврда за силната солидарност меѓу двата народа. На трибините имаше околу 53.000 гледачи, а емотивниот момент на самиот почеток на мечот ги обиколи светските медиуми - додека играчите на Атлетик влегуваа со деца за рака, палестинските фудбалери носеа бели цветови – посвета на загинатите деца и потсетник на трагедијата во Газа.
Баскискиот народ долго време јавно ја изразува својата поддршка за Палестина. Палестински знамиња редовно се гледаат на натпреварите на Атлетик Билбао, вклучително и на мечевите од Лигата на шампионите, и покрај казните на УЕФА за политички пораки на трибините.