На шест дена пред натпреварот, Барса не знае каде ќе го пречека Билбао (ФОТО)
И на официјалната интернет страница на клубот уште не го пишува местото на одигрување иако до натпреварот има уште само шест дена. Неодамна Барселона доби дозвола да игра на Камп Ноу, ама дозволата се однесува само на одреден дел од стадионот, односно за околу 20 илјади гледачи. Во клубот не се задоволни од тоа и инсистираат дека екипата ќе се врати таму само кога ќе биде добиена дозвола за 45 илјади места и затоа од Барселона уште не пријавиле каде ќе го играат следниот натпревар.

Ако во текот на следната недела добијат дозвола, тогаш ќе го пријават Камп Ноу, а ако не се случи тоа, останува Олимпискиот стадион, а враќањето дома ќе биде одложено, најверојатно за дуелот со Алавес на 29 ноември.