Англичаните малку претеруваат: Со гол против Албанија, Кејн ќе застане во редот со Пеле
Алузијата е дека капитенот на Англија со тоа ќе дојде до бројката од 77 гола за националниот тим, исто колку и бразилскиот фудбалски гениј. Фактот што Кејн ќе го направи тоа со 112 натпревари, додека на Пеле му требаа само 92, воопшто не прави никаква разлика за Англичаните кои секако малку претеруваат во овој случај иако поранешниот фудбалер на Тотенхем секако е еден од најдобрите напаѓачи на денешнината.
Сонот на Хејн сè уште е да подигне голем трофеј со Англија, што, пак, би можело да го доведе до освојување на највисокото индивидуално признание, Златната топка. Кејн веќе постигна 23 голови во 17 натпревари за Баерн Минхен оваа сезона. Бројките на Кејн и минати и сегашни за клубот и за репрезентацијата, се апсолутно зачудувачки.
„Понекогаш е тешко да се сфатат некои од имињата што ги имате околу вас или работите што ги постигнувате. Едноставно мора да продолжите кон следниот натпревар. Се надевам дека ќе постигнам гол и ќе се израмнам со Пеле кој имаше толку инспиративна меѓународна кариера, бидејќи тоа покажува колку далеку сум стигнал во мојата кариера“, вели Кејн.
Тој одамна е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација, а му требаат уште 15 настапи за да го симне Питер Шилтон и да стане играч со најмногу настапи во националниот тим. Дуелот меѓу Албанија и Англија се игра вечерва во Тирана и има апсолутно ревијален карактер бидејќи е јасно дека нашиот сосед ќе игра во бараж, а европскиот вицешампион има директен пласман на Мундијалот.