„Медисон Сквер Гарден“ одамна нема видено ваква тепачка – надвор од рингот (ВИДЕО)

Очекувањата за спектакуларна УФЦ 323 вечер во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк беа големи, но главната тема по настанот не беше ниту една од борбите – туку масовната тепачка што се случи крај октагонот.

Инцидентот започна кога Дилон Данис влезе во жестока вербална расправија со членовите на тимот на Ислам Махачев, што брзо ескалираше во физички судир. Неколку членови на тимот на Дагестанецот, меѓу кои и УФЦ борци како Магомед Зајнуков, биле забележани како го удираат Данис веднаш покрај оградата. Во еден момент, Зајнуков со неколку удари го погоди Данис во главата, додека овој се обидувал да смири лице кое стоело до него.

Полициските службеници со голем напор успеале да ги разделат двете страни, по што и Данис и дел од тимот на Махачев биле спроведени зад сцената за понатамошна интервенција.