Махачев продолжува да руши рекорди во УФЦ и да си го преполнува – паричникот!

Дагестанецот Ислам Махачeв продолжува да ги поместува границите во ММА-светот, откако стана нов УФЦ шампион во велтер категорија (до 77 кг) на спектаклот УФЦ 322 во Њујорк каде што го совлада поранешниот првак, Австралијанецот Џек Дела Мадалена (29).

Тој со оваа победа влезе во елитно друштво – стана само 11-ти борец во историјата на УФЦ кој успеал да освои титули во две различни тежински категории. Пред велтерот, Ислам владееше и во лесната дивизија, каде што го изгради својот имиџ на најдоминирачки борец на ерата. Според информации од странските медиуми, Дагестанецот заработил 2,5 милиони долари за мечот, додека Мадалена инкасирал не повеќе од два милиони долари.

Махачeв со оваа победа стигна до неверојатен професионален биланс од 29 триумфи во 30 пресметки – учинок што го израмнува со неговиот пријател и ментор Хабиб Нурмагомедов. Дополнително, неговата серија од 16 последователни победи во УФЦ се поклопува со легендарниот рекорд на Андерсон Силва.

ФОТО: X / @fosportz