Ристовски ептен се изнервира: Немојте да нè зае*aвате, срамота е што прават судиите!
По само неколку месеци во клубот, искусниот бек призна дека е шокиран од начинот на кој се води првенството. Ристовски вели дека екипите не се третираат рамноправно, а дека гостинските натпревари се претвораат во нешто што, според него, „нема врска со професионален фудбал“.
„Првенството има потенцијал, има таленти, но ако не ни дозволат да играме фудбал, сè е залудно. Не барам привилегии, грешки се случуваат, но ова е многу повеќе од тоа. На гостувања – ниту еден меч не беше фер. Намерно се уништуваат натпреварите,“ вели Ристовски.
Тој додава дека судиите со својот однос го нарушуваат интегритетот на натпреварите и дека такво нешто не сретнал ниту во Хрватска, ниту во претходните клубови во кариерата.
„Срамно е како дел од судиите се однесуваат. Такво нешто немам ниту видено ниту слушнато. На Кошево е коректно, но надвор од Сараево – катастрофа. Сарајево и Жељезничар се најголемите клубови во БиХ, а ништо не се прашуваат. Тоа е како Динамо и Хајдук да немаат глас, а Вараждин да решава за сè. Немој да нè заеб*вате“, порача нашиот репрезентативец.
Сарајево во моментов е четврто на табелата, со девет бодови негатива зад лидерот Зрињски, но и со еден одигран натпревар повеќе, што ја прави битката за врвот уште потешка за тимот од престолнината.