Таткото на Тетово се пофали дека син му ќе игра за Албанија, па „сокри“ дека дебитирал за - Македонија!
Тоа и не би било чудно ниту, пак, нешто посебно за објавување, ако неговиот татко Билал Касами, кој неодамна по вторпат беше избран за градоначалник на Тетово, пред само еден месец помпезно не се пофалеше преку социјалните мрежи дека син му е повикан да игра за – Албанија (прочитај ТУКА). Касами јуниор беше повикан за пријателскиот двомеч минатиот месец против Ирска, на кој беше резерва на втората средба, а потоа воопшто не беше повикан за официјалните средби на У19 селекцијата на нашиот западен сосед.
Поради фактот што не доби повик од албанскиот селектор, фудбалерот на Шкендија се најде на списокот на македонската селекција каде што ги одигра последните десетина минути од пресметката против Португалија (види ТУКА). Но, за ова официјално деби за државата во која се родени и во која Касами сениор има одговорна политичка функција, тој не напиша ниту збор за својот профил на социјалните мрежи.
Според правилата на УЕФА, настапот на талентираниот Љавдрим за У19 репрезентацијата на Македонија не значи дека во следниот период повторно не би можел пак да игра за Албанија, за повторно да може да го направи својот татко горд што ќе биде дел од селекција на држава со која и нема директна поврзаност. Такви примери имаше неколку во минатото.