Градоначалникот на Тетово се пофали: Син ми ќе игра за Албанија! (ФОТО)

Фудбалската федерација на Албанија официјално објави дека играчот на Шкендија, Лавдрим Касами е повикан во У19 репрезентацијата на оваа земја.

На 10 и 12 октомври, Албанците играат пријателски натпревари со Ирска, а подготовките се почнати пред два дена. Првиот натпревар ќе се игра во Куќата на фудбалот во Тирана, а вториот во Лушње. Од Фудбалската федерација на Албанија категорично било побарано од Шкендија и од фудбалерот, веста за повикот да не биде објавена пред 6 октомври.

 

 

Веројатно тука нема ништо специјално, ако не се знае дека Валдрим е син на претседателот на партијата Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами кој во моментов се бори за нов мандат на функцијата. Неговата партија е дел од движењето ВРЕДИ кое партиципира во Владата на Република Македонија што е шокантно по прашањето на младиот фудбалер. Повозрасниот Касами гордо ја објави информацијата преку социјалните мрежи.

„Во екот на кампањата (за локалните избори н.з.), дојдоа прекрасни вести од Тирана кои мене ме направија исклучително среќен. Мојот син Лавдрим, кој игра за Шкендија, доби покана од за настап за албанската У19 репрезентација. Ви благодарам ФАА, честитки Лавдрим“, напиша Биљал Касами.

*Првичниот список на репрезентацијата на кој го нема Лавдрим Касами

Интересно е тоа што Лавдрим Касами не партиципира на првиот список на селекторот на У19 репрезентацијата на Албанија, Јулијан Ахматај, туку е веројатно повикан дополнително. Вок албанската репрезентација има двајца фудбалери од Јувентус, потоа од Верона, Торино, Емполи, Сасуло, Џенова итн.