Реал Мадрид му нуди размена на Ливерпул – едно разочарување за друго!

Екипата на Реал Мадрид покажува сериозен интерес за ангажман на офанзивниот играч на Ливерпул, Флориан Вирц, пренесуваат британските медиуми, според кои „кралскиот клуб“ разгледува можност за размена, во која во спротивен правец би заминал Родриго.

Главната причина за интересот на Мадриѓаните е одличното познавање што тренерот Чаби Алонсо го има за Вирц, со кого соработуваше во Баер Леверкузен. Токму поради тоа, шпекулациите добиваат на тежина во пресрет на зимскиот преоден рок. Во меѓувреме, бразилскиот репрезентативец сезонава ретко добива место во стартната постава, што ја отвора вратата за негов потенцијален трансфер. Ниту Германецот, пак, се уште ја нема оправдано големата доверба во настапите во Премиер лигата – нема ниту еден постигнат гол откако летово пристигна на „Енфилд“.

Непосакуваната ситуација кај двајцата фудбалери ги охрабрува клубовите да размислуваат за договор што би можел да биде една од најзначајните зделки во претстојниот трансфер-период.