Меси поздравен од 25.000 навивачи на Елче, а си доби и дрес од шпанскиот клуб! (ФОТО)

Репрезентацијата на Аргентина денеска тренираше на „Мартинос Валеро“ во Елче, каде што се собраа 25.000 навивачи кои го поздравија Лионел Меси.

Меси доби овации од навивачите на трибините, а исто така на Аргентинецот му беше доделен и дрес од шпанскиот клуб.

„Помина долго време откако бев тука и да бидам искрен почитта која ја покажуваат кон мене ме воодушевува. Ви благодарам на сите кои бевте на стадионот“, кажа Меси.