Македонија со Чурлинов, Ристовски и Растодер ќе ја нападне Летонија (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот ќе се соочи против Летонија во пријателски меч кој треба да биде „загревање“ за тоа што доаѓа против Велс во Кардиф во квалификациите за Мундијалот.

Селекторот Благоја Милевски ги избра фудбалерите со кои ќе ја нападне репрезентацијата на Летонија на денешниот меч.

Димитриевски е на голот, а во одбраната се Ашковски, Серафимов, Стојчевски и Илиевски. Во средниот ред ќе играат Барди, Алими и Костадинов, додека во нападот се Чурлинов, Растодер и Ристовски.