Македонија со гол на Елези ја налути Шведска, па доживеа тежок пораз во Битола
Натпреварот во Битола имаше добар почеток за Македонија бидејќи Елези во 12. минута стрелаше за предност од 1-0 на нашата репрезентација. Сепак, Шведска набрзо се разбуди и со два гола за две минути преку Оморова направи целосен пресврт.
Македонија во вториот дел се закани само двапати кон голот на гостите, кои беа многу подобри и постигнаа уште два погодоци преку Сонко и Будри за конечни 4-1.
Standings provided by Sofascore