На што спадна: Поранешен фудбалер на Ливерпул на проба во тим од – Бугарија!

Поранешниот фудбалер на Ливерпул со речиси 60 настапи за клубот, Џордан Ајб, пристигна на проба во тимот на Локомотив Софија, пишува „Тема спорт“.

Станува збор за 29-годишени екс-англиски младински репрезентативец, кој ќе биде тестираn за време на репрезентативната пауза, по што раководството ќе одлучи дали ќе му понуди договор. Бугарскиот тим се соочува со проблематичен старт на сезоната и сака да ја зголеми конкуренцијата во офанзивниот дел од екипата. Локомотив моментално е на 11. место во бугарската Прва лига со 16 бодови по 15 кола.

Ајб ја почна кариерата како младинец на Чарлтон, а во 2011 година премина во академијата на Ливерпул. За „црвените“ одигра 58 натпревари, постигна 4 гола и запиша 7 асистенции, но неговиот развој подоцна запре. Следуваа преселби во Дарби Каунти, Борнмут и во турскиот Аданаспор, по што продолжи да игра во пониските лиги во Англија.