Шекил и Баркли се скараа поради Србинот: Јокиќ би те уништил (ВИДЕО)
Иако на почеток од сезоната, според обложувалниците, прв фаворит за оваа награда беше Виктор Вембањама, а веднаш зад него Лука Дончиќ, легендарното крило на Филаделфија и Феникс смета дека Србинот ја презел водечката улога. Словенецот извесно време имаше просек од 40 поени, но според Баркли, стабилноста и доминацијата на Јокиќ се на повисоко ниво.
Сосема спротивно мислење има Шекил О’Нил, кој реши да го „поддржи“ францускиот феномен. Двајцата ветерани влегоа во кратка расправија во студио додека ги коментираа најдобрите потези од лигата.
Кога Баркли во еден момент му рече на Шек „Јокиќ би те уништил“, О’Нил реагираше:„Мразам кога го правиш тоа“. Баркли одговори: „Што правам?“, а Шек возврати: „Се согласувам со сè што кажа за Џокерот, само немој да го потценуваш Вемби.“
Баркли тврдеше дека не го омаловажува Французинот, но Шек инсистираше дека резултатите на Сан Антонио и Денвер моментално се идентични (8–2), па затоа нивниот влијание на играта е споредливо. Кени Смит се вклучи со забелешка дека „и двајцата подеднакво влијаат на победите“. И покрај тоа, Баркли остана на својот став:
„Вемби игра одлично, но тоа не е исто… не се иста категорија. Ако сега морам да го доделам МВП, тоа би бил Јокиќ… потоа Лука… па Вемби.“
Шек со насмевка го заврши разговорот: „Сонуваш.“