Оваа Шведска не е страшна, македонските надежи ја бркаат втората победа!
Избраниците на Горан Станиќ во петтиот натпревар од овој квалификациски циклус ја бркаат втората победа и се надеваат дека тоа ќе се случи денеска, против Шведска.
Швеѓаните во Битола доаѓаат како фаворити, но и тие лошо ги играат овие квалификации. Исто како Македонија, и Шведска има само една победа на четири натпревари, дури тие имаат и полоша гол разлика од нас. Ние маме -4, тие -9.
Таквите бројки ни даваат надеж дека може да се забележи победа, но за тоа да се случи, македонските надежи треба да го извадат максимумот од себе.
По натпреварот со Шведска, Македонија ќе одигра уште еден квалификациски меч во Битола, тоа ќе биде дуелот со Полска.
„Ова се два многу важни натпревари за нас. Уште поважно е што ги играме на домашен терен и ќе сториме сѐ од нив извлечеме максимум. Што се однесува до претходниот дуел против Црна Гора на гости, навистина е жално што загубивме на таков начин. Пред се затоа што бевме подобри од противникот во поголемиот дел од мечот. Сепак, клучна беше концентрацијата во поедини ситуации и дисциплината во истите. Токму овој сегмент мора да го поправиме. Тој детал не чинеше бодови во Црна Гора, особено во второто полувреме. На тоа мора да поработиме. Нема посебна филозофија. Анализа на противникот, максимална посветеност и 100% влез во мечот. Како што доликува да се игра во националниот дрес. Ништо помалку од тоа“, вели капитенот на нашата репрезентација Матеј Ангелов.