Летонија ни е стар „пациент“ - Македонија секогаш победувала! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Летонија во пријателски натпревар, досега секогаш кога сме играле против нив сме победувале.

Историјата на меѓусебни дуели на Македонија и Летонија вели дека сме играле петтпати и секогаш сме излегувале како победници.

Тоа беше наш противник во Лигата на нации минатата година, последниот меч против нив го одигравме пред точно една година, на 14 ноември кога во Скопје ги совладавме со 1-0 со гол на Серафимов.

Таа сезона на гости ги победивме со убедливи 3-0, а головите ги постигнаа Атанасов, Ќамили и Елмас.

Два натпревари против Летонија одигравме и во 2019 година. Тоа беа мечеви од квалификациите за Европското првенство. На гостински терен славевме со 2-0, а дома ги победивме со 3-1.

Првиот меч меѓу Македонија и Летонија беше во Скопје во 2014 година. Како и денеска, тоа беше пријателски натпревар, победивме со 2-1.

На овие пет натпревари ние постигнавме 11 голови, а примивме само два.