Во недела ќе биде испишана историја на Бернабеу - ќе се игра НФЛ меч!

Во недела првпат во Шпанија ќе се одигра НФЛ меч, а домаќин ќе биде Сантијаго Бернабеу, со тоа ќе биде испишана историја на овој стадион.

Кога се реновираше Бернабеу, една од целите беше тој да стане покомерцијален стадион и да може да организира настани и од други спортови. Во недела ќе се случува вистински спектакл.

Ќе играат Мајами Делфинс и Вашнгтон Командерс.

Интересно, играчите на Мајами веќе се во Мадрид и го користеа стадионот на Атлетико за тренинг.

За разлика од нив, играчите на Вашингтон тренинраа на далеку помало игралиште.