Мајами за 0,4 секунди го совлада Кливленд во меч со најлуда завршница во НБА (ВИДЕО)
Дуелот понуди одлична кошарка од самиот старт, но вистинската „лудница“ се случи во самиот финиш. Кливленд израмни на 138-138 преку Донован Мичел, кој погоди тројка 0,4 секунди пред крајот, оставајќи впечаток дека ќе следи продолжение. Тренерот Ерик Сполстра нацрта луда аквција за победа. По тајм-аутот, Никола Јовиќ од аут ја фрли топката за цепелин, а Ендрју Вигинс без проблеми заби за триумф на Мајами.
Најефикасен кај „жешките“ беше Норман Пауел со 33 поени, додека Вигинс натпреварот го заврши со 23 поени. Впечатлив настап запиша и Келел Вер, кој стигна до двоен ефект со 14 поени и дури 20 скокови. Кај „коњаниците“, Мичел беше најдобар поединец со 25 поени, 15 скокови и 8 асистенции, но ниту неговиот блескав настап не беше доволен за избегнување на пораз.
ФОТО: X / @MiamiHEAT