Кризен состанок во Наполи, Конте на разговор со раководството!

Наполи загуби на гостувањето кај Болоња со 0-2 и падна од врвот на Серија А, актуелниот шампион губи многу бодови во лигата, но не изгледа добро ниту во Лигата на шампионите.

Голем дел од негативните резултати се препишуваат на проблемите кои Наполитанците ги имаат со повредени фудбалери, но челните луѓе сметаат дека може подобро.

Според италијанските медиуми, денеска ќе има кризен состанок во Наполи на кој Конте ќе разговара со раководството.

Ситуацијата е дотолку сложена што ќе се зборува и дали можат да продолжат понатаму или ќе следи разделба на Конте со Наполи.

Двете страни ќе ги анализираат сите аспекти од овој деликатен момент.