Милан и Интер го купија „Сан Сиро“, но Обвинителството веднаш отвори истрага!
Милан и Интер го откупија стадионот и земјиштето околу истиот каде што ќе се гради нов фудбалски храм, меѓутоа тоа не можеше да помине без скандали, по што бурно реагираше првиот човек на „нераѕурите“, Бепе Марота.
„Договорот беше потпишан на пладне, а еден час подоцна отворија истрага. Ова е Италија“, кажа Марота.
Истрагата е насочена кон тоа дека постоеле алтернативни понуди кои биле неправедно исклучени од процесот за купување на стадионот поради невообичаено краткиот рок за поднесување на понудите.
Поддршка на градските власти и клубовите им даде и министерот за спорт, Андреа Абоди, зашто треба да се изгради нов „Сан Сиро“ пред почетокот на Европското првенство (ЕП) во 2032 година, меѓутоа Обвинителството би можело да создаде неочекувани проблеми.