Слот најде оправдание за дебаклот: Судијата нѐ оштети

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот го коментираше тешкиот пораз на гостински терен од Манчестер Сити (003), признавајќи дека неговиот тим треба да ја подобри својата игра, но во исто време изрази незадоволство од поништениот гол на неговиот тим.

„Црвените“ се во тешка криза последниот месец, загубија уште два пати од Палас, во Премиер лигата и во Лига купот, од Челси, Манчестер Јунајтед, Брентфорд и вчера од Сити во англиското првенство.  Впечатокот е дека овој последниот ја прели чашата.

„Мислам дека е очигледно и јасно дека е донесена погрешна одлука, барем според мене. Робертсон воопшто не му пречеше на голманот. Веднаш по натпреварот, некој ми го покажа голот што истиот судија го досуди за Сити против Вулверхемптон минатата сезона. На линискиот судија му беа потребни 13 секунди за да го подигне знамето за офсајд, па очигледно имаше комуникација. Тоа можеше да има позитивно влијание врз играта за нас, бидејќи бевме многу слаби во првото полувреме. Ќе имавме среќа да влезевме на полувреме со само еден гол негатива. Значи, тоа беше одлука што имаше влијание, но тоа не значи дека ќе имавме добар резултат тука, бидејќи не можете да предвидите како ќе се одвива второто полувреме“, рече Слот

Ливерпул ќе биде домаќин на Нотингем Форест на 22 ноември во 12. коло од Премиер лигата, а четири дена подоцна ќе го пречека ПСВ во Лигата на шампионите...