Маџари во супер ритам до првата гостинска победа во елитата
Тимот од Гази Баба одигра исклучително зрело, се наоѓаше во водство во најголемиот дел од натпреварот, а и покрај падот во финишот, успеа да дојде до триумф. Кожув имаше свои моменти во првото полувреме, водеше со 4-0 и 7-3 во воведните минути и уште неколку пати во вториот период, но потоа контролата ја презеде гостинскиот тим.
Од клучно значење беше серијата на Маџари од 18-0 пред крајот на втората и почетокот на третата четвртина по која гостинскиот тим отиде на огромни 53-33 за на три минути пред завршувањето на третиот квартал да ги достигне највисоките +24 (64-40). Кожув не се откажа, на почетокот од последниот период намали на 58-68, а на две минути пред крајот и на 68-74, но гостите искусно и умешно ја сочуваа предноста за прва гостинска победа во елитната конкуренција.
Ветеранот Ивица Димчевски го предводеше победничкиот тим 18 поени, а двоцифрен ефект имаа и останатите членови на стартната постава. На спротивната страна се истакна Николас со 29 поени и 13 скока.