Пелистер ги пушти во продажба билетите за мечот на колото во ЛШ!
Од ЕХФ овој дуел го најавија како „натпревар на колото“ и во него Пелистер влегува со пет порази и една победа, додека ПИК Сегед е погоре на табелата со три победи и три порази.
Во зависност од местото на седење, билетите се продаваат по цена од 450 денари и 550 денари.
Натпреварот се игра в среда од 20:45 часот.