МЗТ го преслуша Пелистер среде Битола!
Почетокот на дербито најави неизвесна борба, двете екипи се менуваа во водството, а првта четвртина му припадна на скопскиот тим кој водееше со 15-13.
По неколку промени и во почетните минути од вториот период, домаќините малку ја преземаа контролата и успеаа на одмор да заминат со предност од три поени разлик (32-29).
Шампионот сепак, не дозволи домашниот состав да „избега“, па во третиот период се врати и тие неколку пати имаа водство, така со само два поени водство „штрковите“ влегоа во последната четвртина кога се одлучуваше победникот.
Тука домаќините како да загубија сили, а МЗТ ја токму кога беше најпотребно ги одигра најдобрите минути и го одлучи натпреварот во своја корист.
Победата можеше да се насети на средина од овој период кога за првпат аеродромци дојдоа до двоцирено водство (61-51). Битолчани имаа обид да се вратат во натпреварот и со тројка на Стајиќ на три минути пред крајот намалија „минус пет“ (60-65). Но, гостите не дозволија да ја изгубат стекната предност и запишаа победа на теренот на лутиот ривал.
Мекејден од редовите на МЗТ беше најефикасен со 20 поени, а мора да се истакне и настапот на Гил кој дојде до дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови. Кај Пелистер Стајиќ уфрли 17, а Малешевиќ 16 поени.
За МЗТ ова беше петта победа во шестиот натпревар од почетокот на сезоната, единствено административно го загубија дуелот со Анѓели во кои беа подобри на теренот, Пелистер од друга страна по пет стартни победи го запиша првиот неуспех.